Skip to main content

Клековски очекува на 21 октомври да почне вакцинацијата против сезонски грип

Фрипик

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека очекува в среда (21 октомври) да почне вакцинацијата против сезонски грип и ќе му биде задоволство да биде вакциниран како пациент од ризична група.

Тој посочи дека Комисијата за имунизација денеска одржала состанок и ги одредила приоритетите. Во основа со 1.000 вакцинации дневно, појасни, ќе стасаме до 15 ноември кога ќе пристигне втората количина.

Приоритет прво имаат возрасните над 65 години згрижени во институции, заради институцискиот карактер и поголемиот ризик за епидемија во микро-услови, и другите ризични групи ќе бидат опфатени според проценката на Комисијата. Значи, во основа сите активности што се организирани во минатото ќе бидат организирани и сега. Нема да има никаква отстапка во начинот на работа и методологијата – рече Клековски одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на протоколот за децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, пренесува МИА.

Поврзани вести