
Државната изборна комисија се подготвува за претстојните вонредни избори во Брвеница, закажани за в недела. Утврдена е содржината, изгледот и заштитата на гласачкото ливче, а привршуваат и обуките за избирачките одбори. Но, во меѓувреме, истекол договорот за фингерпринт-апаратите, дознава „360 степени“
Дали во Брвеница ќе се гласа со уредите за биометриска идентификација и како, со оглед на тоа што петгодишниот договор во кој „Дермалог“ гарантираше за исправноста и одржувањето на апаратите истече во август? Има ли ризик некој да го оспори гласањето? Дали изборната комисија планира нова набавка на нови уреди и што во случај на предвремени парламентарни избори?
Извор 360степени

Македонски

