Skip to main content

Судир на возило и доставувач вчера го закочи Скопје

архива

Закочен сообраќај и големи колони предизвика вчерашната сообраќајка на „Рекорд“, каде доставувач на „Волт“ се судри со возило, по што улицата беше затворена во еден правец.

Според МВР, околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(59) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Б.(31) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.

Поврзани вести