Skip to main content

Орбан контра Брисел: Унгарија не го поддржува ставот за непризнавање на изборите во Белорусија

Унгарија не го поддржува ставот за непризнавање на изборите во Белорусија.

Сепак, и без потписите на претставниците на сите 27 земји на ЕУ, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос, издадоа заедничка изјава во која велат дека претседателските избори одржани на 26 јануари во Белорусија не биле слободни и фер и повикаа за нови санкции против земјата.

Радио „Слобода“ претходно објави дека Унгарија и Словачка одбиле да ја потпишат нацрт-изјавата, но подоцна претставниците од Братислава се согласиле, додека Будимпешта останала доследна на својот став.

Поврзани вести