Skip to main content
Државeн завод за статистика

Цела Македонија е на интернет, најмогу се користи за зборување и видео повици преку Вибер и Ватсап

 Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од вкупното население во земјата на возраст од 15 до 74 години користеле интернет – покажуваат податоците за користењето на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата и од поединците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период, 91,2 процент од домаќинствата имале пристап до интернет од дома.

Податоците укажуваат на широко распространета употреба на интернетот и дигиталните услуги во секојдневниот живот на населението, како и на висок степен на пристап до интернет во македонските домаќинства.

Интернет неколкупати во текот на денот користеле 81,2 процент од населението, а исто толкав процент нарачале или купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци 

Во косистењето ИКТ најголемо учество од 93,5 проценти имаат телефонирањето преку интернет и видеоповиците (преку веб-камера и употреба на апликации, како Skype, FaceTime, Messenger, WhatsApp, Viber и Snapchat).

Најголемо учество од 88,4 % има размената на пораки, главно преку Skype, Messenger, WhatsApp и Viber

Поврзани вести