
Во вторник, на 19 октомври во 19 часот на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ќе се одржи промоцијата на книгата „Девет комедии“ од Русомир Богдановски, реномиран драмски автор и професор по драматургија и сценарио на ФДУ во пензија.
Книгата опфаќа девет комедии пишувани во периодот од 1968 до 2025 година, вклучително со досега необјавената и сеуште неизведена, најнова пиеса НЕ ПЛАЧИ, ЛЕНКЕ.
Во присуство на авторот, книгата ќе ја промовира театрологот и професор, д-р Деспина Ангеловска, а извадоци од комедиите ќе читаат студентите од IV година по актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје, од класата на професорот м-р Ангелчо Илиевски. Како специјален гостин, на студентите ќе им се придружи познатиот македонски актер и комичар, Благоја Чоревски.

Македонски


