
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го ги искажа впечатоците по синоќешниот триумф со 4:2 на гостувањето кај Манчестер сити во второто коло од Лигата на шампионите.
– Беше возбудлив натпревар. Очекувавме токму ваков натпревар, со оглед на тоа што двата тима постојано притискаа и играа со високо темпо. Се справивме со тој притисок во првото полувреме и заслужено поведовме. Но, не ми се допаѓа кога резултатот е 3:0 на полувреме. После тоа, противникот презема големи ризици, а вие мислите дека веќе сте победиле. Поминавме низ неколку тешки моменти. Да немавме среќа, можевме да го изгубиме натпреварот. Разговарав за ова со Рафаел Пол, мојот асистент, во второто полувреме. Денес имавме среќа, за разлика од првите кола од Лига 1. Денес, ниту еден можен резултат немаше да биде неправеден. Главната работа е освојувањето на Лигата на шампионите. Да се биде најдобар тим во оваа фаза од натпреварувањето не е толку важно, изјави Енрике за „Л’Екип“.

Македонски


