
Украинецот Дмитро Хориха, доби дозвола да го носи дресот на Македонија, потврди селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров на прес-конференција.
Хориха игра на позицијата лев бек.
Прашање на време беше кога на Хориха ќе му биде дозволен настап за Македонија, сега тоа е потврдено и верувам дека секогаш кога имаме шанса за ваков играч не треба да размислуваме. Хориха имаше одлични настап кај нас за Вардар, беше еден од лидерите на тимот. Премина во уште посилна лига во Унгарија и таму има голема улога. Тој е играч со квалитет за Лига на шампиони и ако добро се вклопи во тимот, може да придонесе да бидеме уште поквалитетни. Многу пати покажал дека има победнички карактер и во Македонија и во ПИК Сегед, се надевам ќе бидеме за нијанса подобри, посебно на големите натпреварувања каде ритамот е силен“, рече Лазаров.
Хориха треба да се појави на собирот на репрезентацијата веќе во следната ЕХФ недела. Ќе му се стави на располагање на селекторот Кирил Лазаров на подготовките. Македонија тогаш ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2028 година – на 4 ноември го пречекува Луксембург, а на 8 ноември ѝ гостува на Грција.

Македонски


