
Највисоката научна институција во земјава – Македонската академија на науките и уметностите денеска го одбележува својот ден 9 октомври во спомен на денот кога во 1967 година започнува нејзината научна и културна дејност.
Свеченоста ќе почне со положување цвеќе на споменикот на првиот претседател на Академијата Блаже Конески, по што обраќање ќе има актуелниот претседател на МАНУ академик Живко Попов.
МАНУ ќе го додели и меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашната добитничка Соња Должан од Словенија.

Македонски


