Skip to main content

На „Блаце“ фатен возач кој сокрил 595 сребрени прстени под седиштето

Царинските службеници на граничениот премин „Блаце“ при контрола на автомобил открија дури 595 сребрени прстени, кои сторителот со намера да избегне плаќање давачки ги имал скриено под седиштата.

Накитот со вкупна тежина од 1,7 килограми е запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Прекршокот е снимен со телесни камери, соопштија од Царинска управа.

Поврзани вести