
Димитар Ковачевски во гостување на МРТ во емисијата „До полноќ со Топалова“ истакна дека Македонија треба да има дата центри.
Па да, јас имам статус и 15 минутно интервју на ТВ Сител, на кое што ја отворивме темата за дата центри. Дата центрите и вештачката интелигенција и се она што е поврзано со нив, ќе го дефинира економскиот и технолошкиот развој на државата. Ние како држава треба да си одговориме на прашањето, дали сакаме да градиме економија која ќе биде базирана на нови технологии кои имаат повисок поврат на инвестиција, повисоки плати, поголема можност за вработување на млади кои студираат СТЕМ науки, или не го сакаме тоа. Бидејќи никој во светот нема да ве моли за ништо – кажа Ковачевски, а на потпрашање дека некој ќе рече дали сакаме чисти реки, тој со контра прашање, „ А, Америка и Германија какви реки имаат?’’
Според Ковачевски дата центрите и вештачката интелигенција се иднината и секоја држава треба да се определи дали ќе се градат капацитети, инфраструктура и ќе се носат инвестиции.
Дали ќе се определите да влезете во процес на протести или инвестиции е ваше како држава. Земете ја Грција, хабот на Амазон ќе биде во Кожани. Протести видовме таму? Не. Тие се определиле дека ќе градат енергетски капацитети и инфраструктура која ќе им овозможи да привлечат инвестиција од 5,5 милијарди долари колку што е нашиот годишен буџет. Тие рекле не правиме протести, ќе правиме ваква работа. Ние сме се определиле за протести, не зборам за народни, туку еве по емисии дебати и инвеститорите кога гледат викаат добро, ваш избор, демократија – рече Ковачевски.
Според Ковачевски, тоа е економија која расте и без што не се може. Тоа е сегашноста и тоа е иднината во голем дел.

Македонски


