Skip to main content

Гласно борејќи се за своите права да го кршат законот и да доведуваат во опасност луѓе…

Пешачката патека на кејот е се почесто опција за избегнување на градски гужви и сејф сити. Така, редовно на пешачката ќе видите мајки со колички, луѓе во инвалидски колички како на сликата лево и рекреативци како се пикаат лево десно по тревата или ивицата за да може господата со мотори за достава, мотори со приколки со отпад и пластични шишиња… да поминат непречено, гласно борејќи се за своите права да го кршат законот и да доведуваат во опасност луѓе. Најстрашен е потегот од мостот Љубљанска до мостот Обединети, бидејќи од тука им е прелесен пристапот преку новото паркче. Не знам кој се е надлежен овде, дали само МВР или и Општина и Град, треба некој нешто да превземе. Или ако не, да не се вика пешачка више, да ја крстиме сељачка и нек возат меѓу луѓе во таа тесна патека, па ко ќе се деси некад нешо ќе му ја мислиме.

Поврзани вести