
ктерот Владо Јовановски, кој беше обвинет во случајот за настаните од 27 април во Собранието, упати остри критики кон апелацискиот судија Ѓоко Ристов, по сведочењата на неговите родители во судската постапка поврзана со парите пронајдени во семејната куќа во Неготино. Јовановски јавно го повика судијата да преземе одговорност, обвинувајќи го дека ги изложува своите родители на понижување за да се заштити себеси.
„Абе, ‘господине’ судија Ристов. Судија во Апелациониот суд. Инстанца која може да извади некого од притвор или да го стави таму, во ‘Шутка’. И со власт да ја поништи одлуката на првостепениот суд. Знам, мајка е мајка! ‘Пуста мајка’!“, напиша Јовановски.
Тој прашува зошто судијата дозволил неговата мајка да биде изложена на потсмев во јавноста, а притоа изнесува обвинувања за мотивите на Ристов.
„Зошто бе, апелациски судијо, ја изложивте својата мајка на потсмев кај многумина од граѓаните? Зошто? За да си ја спасите кожичката од затвор? Па и затворот е за луѓе. Од затвор се излегува, од гроб тешко. Мајка ти ја разбирам, ама тебе не те разбирам. Многу себично… Да си ги понижиш родителите, за да си ја спасиш кожата“, наведува актерот.
Јовановски го повикува Ристов да признае, без да прецизира на кое конкретно дело или постапување се однесува неговиот повик.
„Биди бе маж, признај, не ги бутај во кал родителите. Едипалски делува, вака од страна“, пишува тој.
Во објавата актерот се осврнува и на снимките од судењето, како и на однесувањето на адвокатите, тврдејќи дека нивните сугестии откриваат повеќе од изговорените зборови.
„Плус, твоите безгласни снимки од судењето и сугестиите на адвокатите, што ве советуваат тебе и твојата мамичка (која кутрата, плетела до три часот наутро за да заработи и да ги стави паричките во дупчето), зборуваат повеќе од зборови“, наведува Јовановски. објави Скопје1.мк

Македонски


