Skip to main content

Совршено за петочен ручек: Пилешка салата со грозје

Oстатокот од варено или печено пилешко со неколку додатоци станува вкусна салата, a истата салата во лепче, имате сочен сендвич. Денес кремастата пилешка салата со грозје е фаворит на неделното мени.

Состојки:

  • 350 грама варено/печено пилешко
  • 1 лажица маслиново масло
  • 100 грама грозје, пресечено на половина
  • 2 стабла целер, ситно исецкани
  • 1 поголем млад кромид, тенко исечен
  • 1 лажичка сув зеленчук
  • 120 грама мајонез
  • 60 грама кисела павлака
  • сок од ½ лимон
  • ¼ лажичка свежо мелен бибер
  • копар

Подготовка:

Во голема чинија додадете варено пилешко, грозје, целер, кромид и копар, а потоа нежно измешајте за да се соединат сите состојки. Во малa чинија измешајте мајонез, кисела павлака, сув зеленчук, сок од лимон, сол и бибер. Додајте го преливот во смесата со пилешкото и нежно измешајте додека сè не се спои рамномерно. Цврсто покријте со пластична фолија и оставете во фрижидер 1 – 2 часа или дури преку ноќ.