Skip to main content

Судење на судијата со парите ѕидот: Мајка му плетела, одледувала дињи, лозје, пипер..

Судење или комедија во Кривичниот суд за случајот со судијата Ѓоко Ристов во чија семејна куќа беа пронајдени 350.000 евра. Денеска сведочеа неговите родители кои беа упорни дека парите се нивни и ги спечалиле со многу работа и труд по ниви, лозје.. ги чувале за старост, односно за во геријатрија бидејќи не сакале да бидат на терет на синот.

„Ние сме земјоделци. Бостан, пипер, диња… секаде по пазарите, од Горни Милановац, нема кај не сум била по пазари. Кога насадивме лозје, имавме голем профит од него, рече пред судот Донка Ристова.

Мајката на судијата ја објасни и плочката од каде што ги ставале парите во ѕидот.

Плочката беше залепена на четири места и таму си најдов згодно место. Стара плочка, од 1975 година па наваму, кога ја направивме куќата. Тоа што ќе ни останеше си ставав таму, во таа згодна плочка како прозорче.“

Поврзани вести