Skip to main content

Специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ предадени на Градот, до крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информира дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури ќе излегуваат на терен. 

Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи најавува дека до крајот на неделава се очекува да пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега.

Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена! Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане! – посочува тој.

Градоначалникот додаде дека Скопје предолго губело поради, како што оцени, неодговорноста и неажурноста на претходните градски власти и порача дека на тоа му се става крај со конкретни дела и инвестиции во комуналната инфраструктура.

Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците. На таа запуштеност ѝ ставаме крај со работа и конкретни дела! Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град! – вели скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски. 

Поврзани вести