
Министерот за одбрана на Црна Гора, Драган Кривокапиќ изјави дека Подгорица нема никаков долг кон Хрватска и оти досега не е пристигнато формално барање од Загреб за враќање на воен имот во висина од 2,7 милијарди долари.
Тој ден бевме шокирани бидејќи никој не знаеш за долгот за кој зборува Гарлиќ Радман, наведе Кривокапиќ.
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман на 1 октомври изјави дека официјален Загреб располага со комплетна документација со која се докажува дека станува збор за имот вреден повеќе од 2,7 милијарди долари.
На 9 октомври во Загреб претставници на Хрватска и на Црна Гора ќе разговараат за сукцесија на воениот имот.
На барањето на Хрватска вчера реагираше и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ вчера изјави дека „не е реално барањето“ на барањето на Хрватска.
Односите помеѓу Црна Гора и Хрватска со години се оптоварени со низа нерешени прашања, од кои најголемиот број се однесуваат на распадот на поранешна Југославија и војните од 90-тите години од минатиот век.
Хрватска го блокира затворањето на 31 поглавје за надворешната и безбедносната политика на Црна Гора.
Хрватска бара продолжување на преговорите за поморската граница кај Превлака и враќање на училишниот брод „Јадран“, како и обесштетување за поранешните хрватски затвореници од логорот Морињ во Црна Гора, продолжување на потрагата по 14 лица исчезнати од војната, процесуирање на воените злосторства и решавање на имотните побарувања на хрватските граѓани.

Македонски


