Skip to main content

Некој се уплаши дека ќе остане без лажната пензија: Издупени гуми во Центарот за социјални работи

МВР архива

Вчера во СВР Тетово, од Центарот за социјални работи Тетово било пријавено дека во периодот од 08:00 до
08:30 часот со остар предмет е извршено оштетување на предни и задни пневматици од службеното патничко возило „пежо“ со тетовски регистерски таблички, кое било паркирано на паркингот на институцијата.

Исто така, според пријавеното, можно е да има оштетување и на гума од патничко возило „дачиа“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на установата, кое, исто така, било паркирано пред влезот на зградата, а кое поради итни потреби заминало кон Скопје, при што возачот забележал дека една гумата била издишана и тој ја сменил.

Извршен е увид на местото и се работи на откривање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.

Инцидентот доаѓа откако вчера премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

До овој момент имаме повеќе од 4.500, значи не 45, не 450, туку 4.500 лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, рече Мицкоски.

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски, пак, најави дека се вршат проверки на корисниците на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за стари лица. Тој посочи дека досега се прекинати исплатите на овие права кај повеќе од три илјади корисници поради утврдени злоупотреби и акцијата влегува во завршна фаза.

Според изворите на „Слободен печат“, службениците од Центарот за социјални работи во Тетово вчера утрото требало да тргнат на терен за да проверуваат како биле доделувани социјални пензии во градот, по наредба на директорката, но некој веќе „испратил порака“.

Поврзани вести