Skip to main content

Унгарија ја увери Бугарија во целосна солидарност по нападот со дрон во Црното Море

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја увери Бугарија во целосната солидарност на Унгарија по нападот со дрон врз два трговски брода во Црното Море

„Во раните утрински часови два трговски брода беа погодени во напад со дрон во бугарските територијални води во Црно Море. Унгарија ја уверува Бугарија во својата целосна солидарност“, напиша Петер Маѓар на социјалните мрежи.

Според информациите објавени во локалните медиуми, едниот брод потонал, а другиот бил оштетен во инцидентот што се случил во близина на бугарскиот брег.

Засега сè уште не е познато дали има повредени лица, а во тек се спасувачки активности, наведува МТИ.(МИА)

Поврзани вести