
Поранешниот директор на германската разузнавачка служба (БНД), Аугуст Ханинг, е уапсен под сомнение за шпионажа и обид за велепредавство, јавуваат германските медиуми.
Случајот се смета за еден од најсериозните шпионски скандали во германската историја. Истрагата ја води Сојузното обвинителство, а Ханинг е осомничен за шпионажа, прибавување државни тајни, обид за велепредавство и за разузнавачка дејност во корист на странска сила.
Според обвинението, Ханинг и по напуштањето на БНД добивал чувствителни информации од службата. Податоците наводно му ги доставувал неговиот поранешен соработник Манфред Д., во замена за пари.
Двајцата утрово биле уапсени во одделни полициски акции.
Меѓу информациите имало „исклучително чувствителни проценки на безбедносната состојба“, доверливи материјали добиени од странски партнерски разузнавачки служби, како и, наводно, документи поврзани со иранската нуклеарна програма и со руската армија.
При претресот во домот на Ханинг биле пронајдени документи со највисок степен на доверливост, кои тој не смеел да ги поседува.
Ханинг беше на чело на БНД од декември 1998 до ноември 2005 година.
Обвинителството не откри за која држава или странска разузнавачка служба се сомнева дека двајцата наводно шпионирале.

Македонски


