Skip to main content

МВР објави детали за човекот прегазен покрај автопат кај Велес и оставен да умре

77-годишник од велешко село е починатиот пешак пронајден покрај автопат. Бил прегазен од возило чиј возач избегал.

На 05.10.2026 околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско-Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77) од село Мамутчево, велешко, по што возачот со возилото го напуштил местото. од здобиените повреди пешакот С.М. починал на местото, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција, соопштија од МВР.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести