Skip to main content

Во Косово истекува рокот за избор на претседател

Рокот од 60 дена за избор на претседател на Косово истекува денеска, според одлуката на Уставниот суд на Косово, а доколку претседателот не биде избран, Собранието ќе биде распуштено и ќе следат нови парламентарни избори.
Според одлуката на Уставниот суд, нови избори мора да се одржат во рок од 45 дена од распуштањето на Собранието.

Прашањето за избор на претседател е во центарот на политичките настани во Косово во последните недели, заедно со протестите поради изрекувањето пресуда на поранешните водачи на ОВК, но политичките партии не постигнаа договор за кандидат.(МИА)

Поврзани вести