Skip to main content

Кај тетовец дома полицијата пронајде кокаин

Кај 26-годишен жител на тетовска Мала Речица полицијата пронашла и одзела кокаин, а лицето е лишено од слобода.  

На 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, Тетовско – соопштија од МВР. 

При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

Поврзани вести