Skip to main content

Перински: Пациентот на боледување нема да мора постојано да биде затворен дома

Пациентите кои користат боледување нема да мора постојано да престојуваат во домот, а контролата ќе зависи од конкретната здравствена состојба и од препораките на лекарот, објаснува директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински.

– Ако лекарот препорачал пешачење, физикална терапија, рехабилитација или друга активност што е дел од лекувањето, пациентот може и треба да ги следи тие препораки – вели Перински во интервју за „Република“.

Контрола во домашни услови, според него, има оправдување кај дијагнозите за кои е препорачано мирување. Но и во тие случаи, доколку пациентот не биде затекнат дома, тоа нема автоматски да се смета за злоупотреба.

Осигуреникот ќе може да објасни дали бил на лекарски преглед, во лабораторија, во аптека или отсуствувал поради друга оправдана причина.

Перински појаснува дека со евентуалното усвојување на Правилникот нема веднаш да започне нов начин на контрола. Условите и постапката дополнително ќе треба да се уредат со посебно упатство, при што заштитата на правата на осигурениците треба да биде еден од основните принципи.

Поврзани вести