Skip to main content

Малку тиквичка, малку бибер, малку пилешко: Подгответе бела чорба

Magnific

Топла, кремаста и вкусна домашна чорба со пилешко и зеленчук – едноставна, хранлива и совршена за семеен ручек. Со нежниот вкус на пилешкото, тиквичката и целерот, оваа бела чорба е вистинско домашно уживање.

Состојки:

  • 3 лажици масло
  • 1 морков
  • 4 стебленца целер
  • 1 главица кромид
  • 300 г ситно сечено пилешко месо од гради
  • 1 тиквичка
  • 1 компир
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица кисела павлака
  • сол по вкус
  • црн бибер по вкус
  • малку мешан сув зачин
  • малку ситно сечкан магдонос
  • околу 1,5 литар вода


Подготовка: Во поголем сад загрејте го маслото. Додајте ги ситно сечканите морков, кромид и целер и динстајте додека кромидот не стане стаклест. Додајте го ситно сеченото пилешко месо и динстајте заедно околу 20 минути, со повремено мешање. Доколку е потребно, додавајте по малку вода за да не загори. Кога месото и зеленчукот ќе омекнат, додајте ги солта, биберот и сувиот зачин, а потоа и ситно сечканите компир и тиквичка. Налејте околу 1,5 литар вода и варете на тивок оган околу 60 минути. Во посебен сад разматете ја лажицата брашно со киселата павлака и малку вода, за да добиете мазна смеса без грутчиња. Додајте ја во чорбата и варете уште 3–5 минути со постојано мешање. Пред сервирање додајте ситно сечкан магдонос.

Послужете ја топла, со свеж леб.

Поврзани вести