Skip to main content

Гвардиола го поддржа Манчестер сити: Заедно сме

Поранешниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, им изрази поддршка на клубот и на навивачите, откако премиерлигашот беше прогласен за виновен за кршење на финансиските правила на Премиер лигата.

Независната комисија утврди дека Сити склучил „лажни договори“ со неколку комерцијални партнери како дел од шема за прикривање на тајно финансирање од над 830 милиони фунти.

Премиерлигата вчера потврди дека Сити е прогласен за виновен по сите обвиненија поврзани со кршење на финансиските правила помеѓу сезоните 2009/2010 и 2017/2018, како и по сите обвиненија освен едно поврзани со несоработка во истрагата.

Сакам секој навивач на Манчестер Сити низ целиот свет да знае дека сум тука, повеќе од кога било. Отсекогаш сум бил и секогаш ќе бидам со мојот клуб, сопственикот, претседателот, Феран (Сориано), играчите, тренерскиот персонал, Енцо (Мареска) и со вас, нашите уникатни навивачи.

Сакам да бидеме апсолутно јасен, заедно ќе го надминеме ова. Ве сакам сите“, порача Гвардиола, илустрирајќи ја објавта со заедничка фотографија со претседателот на Манчестер Сити, Халдун Ал Мубарак.

Гвардиола го напушти Манчестер Сити ова лето, а за 10 години го водеше клубот до 20 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата, како и трофеј во Лигата на шампиони.

Поврзани вести