Skip to main content
Деби на новиот селектор до 21 година

Таневски: Против Црна Гора сакаме да го почнеме новиот период со победа

ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја очекуваат двата последни натпревари од квалификациите за Европското првенство против Црна Гора и Шведска, а утрешниот дуел со Црногорците ќе биде и официјално деби за новиот селектор Александар Таневски.

Таневски очекува тимот да покаже карактер и дисциплина, но и јасна идеја за начинот на кој сака да игра.

Пред сè, против Црна Гора, особено бидејќи тоа ќе биде мојот прв официјален натпревар како селектор на репрезентацијата, сакаме позитивен резултат и победа. Сакам да видам карактер и дисциплина, но и начинот на кој сакаме да играме во иднина“, вели Таневски.

Покрај актуелниот квалификациски циклус, двата натпревари се важни и како дел од подготовките за следниот.

Новиот селектор најавува простор за младите фудбалери кои треба да покажат дека можат да одговорат на барањата на репрезентацијата.

Овие натпревари се важен дел од подготовката за следниот квалификациски циклус. Сакаме да им дадеме простор на играчите кои имаат потенцијал и да видиме кои можат да одговорат на барањата на ова ниво“, истакнува Таневски.

Фокусот сега е целосно насочен кон Црна Гора. Македонија сака со добра игра и позитивен резултат да го отвори новиот период под водство на Таневски, но паралелно и да продолжи да создава тим кој ќе биде подготвен за следниот квалификациски циклус.

Сега фокусот е целосно на Црна Гора. Сакаме со добра игра, карактер и позитивен резултат да го отвориме овој нов период, а паралелно да продолжиме да градиме екипа која ќе биде подготвена за следниот квалификациски циклус“, вели Таневски.

Македонските фудбалери утревечер ја пречекуваат Црна Гора во Битола, а на 6. октомври ќе го заокружат квалификацискиот циклус на гостински терен против Шведска.

Поврзани вести