
На вториот дел од Фестивалот за филм и музика ЅИРНИ кој е во тек во Скопје има пет премиери и тоа на филмовите „Пресек“ на Мартина Петреска, „ТЛСМ“ на Филип Момировски, „Аналогни души“ на Марија Грчева, „Езерото“ на Софија Христовска и „Симфонија на Скопје“ на Кристијан Костадиновски.
Денеска, со почеток од 17:30 часот во КОТУР ќе се одржи мастерклас на директорот на фотографија Самир Карахода кој дипломирал и магистрирал фотографија на Универзитетот „Мимар Синан“ во Истанбул. Покрај работата како фотограф, тој е и директор на фотографија, професор, а речиси 20 години е куратор на програмата за кратки филмови на фестивалот за документарен и краткометражен филм ДокуФест во Призрен, Косово. Тој е основач на SK Pictures, независна продукциска компанија која ги развива и продуцира неговите филмови.
Во склоп на мастеркласот публиката ќе има шанса да ги погледне неговите кратки наградувани филмови „In between“, „Displaced“ и „On the way“.
Влезот е слободен, со претходно најавување на социјалните мрежи на Ѕирни или
на мејл адресата [email protected]
Фестивалот трае до 5 Октомври на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм КОТУР.
Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на SИРНИ (www.dzirnifestival.com).

Македонски

