
Неколку луѓе во Берлин се затруле откако консумирале гумени бонбони, за кои се претпоставува дека содржеле ТХЦ, а едно лице почина. Берлинската Канцеларија за здравство издаде предупредување за опасните бонбони.
На 22 септември на улица бил пронајден 42-годишен маж со застој на срцето. Реанимацијата била неуспешна, а постојат индикации дека јадел од спорните гумени бонбони.
Четири дена претходно на иста адреса се пријавени една жена и еден маж кои јаделе гумени бонбони со Те-ха-це. Двајцата биле хоспитализирани и се успешно излекувани.
Портпаролката на Берлинската Канцеларија за здравство, Дерте Арнолд потврди дека имало неколку луѓето со „различни степени на труење со клиничка слика на опиоиден токсидром“ по консумирање бонбони со ТХЦ.

Македонски


