Skip to main content

Државата, тоа сме ние

Македонските граѓани протестираат против Францускиот предлог, јули 2022

Сите сакаме промени на подобро. Сакаме подобро образование, функционално здравство, помалку корупција, чисти улици, повисоки плати, праведно судство, повеќе ред и повеќе почитување на законите.

И секогаш знаеме кој е виновен.

За едните секогаш е виновна власта. За другите опозицијата. Судството е постојано на тапет и од првите и од вторите. Партиите секогаш се виновни за оние кои што не се дел од ниту една партија. Администрацијата е виновна за сите претходно споменати. Медиумите, исто така, не се поштедени од вперување на прстот.

Единствено ние самите, многу ретко се прашуваме каде сме во таа приказна.

Можеби најголемата пречка за промената на подобро не е во тоа што не знаеме што треба да се промени, туку што промената ја замислуваме како нешто што треба да го направи некој друг. Скоро по правило секогаш ги забележуваме туѓите недостатоци и секогаш знаеме како треба да се надминат. Но, многу ретко сме способни да ги согледаме сопствените и да направиме чекор за промена на подобро.

Кога зборуваме за државата, често зборуваме како да не сме дел од неа. Зборуваме како државата да е некој друг, а ние сме тука некои случајни патници заглавени во нејзините слабости. Го критикуваме оној дел од државата кон кој што не сме директно поврзани, заборавајќи дека и ние сме дел од некоја целина која е предмет на критика од некој друг.

Институциите се државата, а институциите сме ние. Општините се државата, а ние живееме во нив и сме дел од тие општини. Училиштата, болниците и културните установи се исто така елементи од кои е изградена државата, а ние работиме во нив, управуваме со нив или сме корисници на сето она за што се наменети како такви. Државата не е некоја туѓ дом во кој ние случајно живееме. Тоа е наша заедничка куќа, а слабостите кои што ги гледаме кај неа се и наши слабости.

„Државата, тоа сум јас“, е мисла која му се припишува на францускиот крал Луј XIV. Мисла со која се симболизира неговата апсолутистичка свест, апсолутизмот како начин на владеење и концентрацијата на моќ.

Но, во нашиот случај, тоа е мисла која што треба да важи за сите нас заедно. „Државата, тоа сме ние“, е мислата која треба да се однесува за сите нас како граѓани. Граѓани кај кои во исто време е сконцентрирана апсолутната власт и моќ, но и одговорноста и грижата за државата. Тоа е моделот на однесување кој треба да претставува почетен услов за тоа како да изградиме амбиент во кој секогаш ќе се движиме кон подобро.

Ние не смееме да дозволиме да се фаќаме во сопствената стапица која мислиме дека сме ја поставиле за да ги ловиме туѓите грешки и недоследности. Не смееме да дозволиме да бидеме жртва на малите компромиси кои што ги правиме сметајќи дека тоа не е ништо. Малите компромиси на долг рок создаваат големи проблеми.

Сите сакаме помалку корупција, но „ќе се снајдеме“ кога ни треба услуга. Сакаме ред во сообраќајот, но правилата важат  само кога другите треба да ги почитуваат. Бараме институциите да бидат професионални, но кога имаме човек „внатре“, првата мисла е да побараме услуга. Постојано зборуваме дека јавниот простор треба да биде чист, но отпадот што е „само една кеса“, „само едно пластично шише“ или „само една празна кутија цигари“, фрлени на јавна површина, не го доживуваме како некој особен проблем. Сакаме и квалитетно образование, но понекогаш дипломата ни е поважна од знаењето.

Корупцијата не почнува секогаш со милионски тендери. Најчесто почнува со помислата „Имам таму човек, ќе средиме“. Тоа е мисла која што на корупцијата и дава карактер на метастаза која е способна да навлезе во сите делови на еден организам.

Да не испадне сега дека сакаме да ја релативизираме или амнестираме високата корупција, но во никој случај не смееме да ги занемаруваме малите нешта кои што кумулативно прават големи проблеми. Ќе биде крајно негативно доколку мислата „Државата, тоа сме ние“ се модифицира во „Корупција, тоа сме ние“. Тоа ќе биде исклучителен проблем за општеството, но и за сите нас поединечно доколку коруптивниот начин на функционирање стане широко распространета општествена норма на однесување. Сите ние треба да внимаваме да не ја поминеме црвената линија и од граѓани во кои е сконцентрирана власта, одговорноста и грижата за државата, се претвориме во граѓани во кои лежи изворот на коруптивната свест и коруптивното однесување.

Ние можеме да ги критикуваме политичарите, и треба да ги критикуваме кога има основа. Но, политичарите не се посебен вид на луѓе. Тие се дел од нас, наши сограѓани, комшии, колеги од работа. Некои од нив се наши роднини или пријатели. Тие се производ на нашето општество. Затоа, „Политичарите, тоа сме ние“ е мисла која што е сосема логична и компатибилна со претходните деривати изведени од мислата на Луј XIV. Власта, одговорноста и грижата за државата да оди на подобро ни припаѓа на сите. Воопшто не е важно дали во одреден момент сме во политиката или сме на некаков посреден или непосреден начин конектирани со неа.

Промените на подобро секогаш имаат цена. Тие не значат само донесување на нов закон, формирање на нова влада или поставување на нов министер. Промените на подобро мора да започнат со промена на навиките и однесувањето на секој поединец.

А тоа најчесто боли!

Ако сакаме професионална администрација, мора да прифатиме дека нема да може „нашиот човек“ да ни заврши работа преку ред. Ако бараме независни институции, мора да прифатиме дека понекогаш институциите ќе донесат одлука што не ни се допаѓа. Ако се залагаме за еднаквост пред законот, мора да прифатиме дека може да бидеме казнети доколку не ги почитуваме правилата. Вистинските промени почнуваат тогаш кога правилата на однесување ќе ни станат стандард и норма, дури и во моментите кога не ни одат во прилог.

Никој од нас не може сам да го промени системот. Но, ниту еден систем не се менува без луѓе кои што почнуваат да се однесуваат поинаку од претходно. Политичарите секако дека имаат поголема одговорност, затоа што располагаат со јавна моќ и власт делегирана од граѓаните. Институциите мора да функционираат според правила. Но, граѓаните мора да престанат да прават исклучоци и да бараат „алтернативни решенија“ секогаш кога правилата не одат во прилог на остварувањето на нивниот личен интерес..

Сите сакаме промени. Сакаме подобра држава, подобри институции, подобра политика и подобро општество. Но, промената има еден незгоден услов… некој мора прв да престане да се однесува на стариот начин. Затоа, најголемото прашање не е дали Македонија може да се промени, туку дали ние сме подготвени да живееме со промените што ги бараме кај некој друг, особено тогаш кога тие ќе нарушат некои од нашите „стари навики“, кои не се во склад со правилата и им пречат на другите.

Поврзани вести

edirne prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetmarsbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmeritkingmeritkingholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetizmir escortroketbetcasibomzbahiscasibombahsegel