Skip to main content

Сите земји со кои сме разговарале позитивно гледаат на предложената стратегија за проширување на ЕУ, вели Сали од Њујорк

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, кој е дел од македонската владина делегација на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, во разговор за МИА зборуваше за очекувањата од новата стратегија за проширување на Европската Унија, како и за дијалогот со Бугарија. Сали потврди дека се очекува официјализирање на стратегијата за проширување во согласност со предлозите на Франција и Германија за постепена интеграција на кандидатките, која ја смета за позитивен исчекор.

Тој документ сè уште е нон пејпер, но е предложен и поддржан од Франција и Германија. Секако дека во овој период беше тема на дискусија и меѓу други членки на ЕУ пред да се објави како официјален документ. Го сметаме како добронамерен и со цел за поддршка на сите земји аспиранти за членство во ЕУ. Очекувам овој документ да биде усвоен доколку не се смени стратегија за негово официјализирање и дека ќе игра добра улога во забрзување на процесот на евроинтегрирањето. Сите земји членки и аспиранти, во комуникациите што сме ги имале досега, гледаат позитивно на овој документ – изјави Сали.

Вицепремиерот ја поддржува и иницијативата на премиерот Мицкоски за вклучување трета страна во разговорите со Бугарија.

Комуникацијата со Софија во овој период недостига, но во еден период секако таа треба да се води со присуство на лидер на земја членка или на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет. Сметаме дека овие комуникации треба да бидат веродостојни и секако потврдени од трета страна имајќи ги предвид чувствителноста и значењето на овие комуникации и контакти. Би требало да се добредојдени доколку се поддржани со присуство на трета страна – вели Сали.

Вицепремиерот посочи дека на средбите во Њујорк македонската страна имала средби со повеќе лидери на држави во светот, на кои ги пренесува приоритетите на државата и посветеноста на членството во НАТО, зајакнувањето на контактите и соработката со САД, целосното европското интегрирање.

Како држава потврдуваме уште еднаш, сите чекори што ги преземаме за полноправно членство, напредокот во реформската агенда во склоп на планот за раст и патоказите што ги усвоивме за владеење на правото, за праведно управување со јавната администрација и, секако, акцискиот план за малцинства – изјави Сали во рзговор за МИА во Њујорк. 

Поврзани вести

edirne prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetmarsbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmeritkingmeritkingholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetizmir escortroketbetcasibomzbahiscasibombahsegel