Skip to main content

Осмото издание Фестивалот за филм и музика „Ѕирни“ од 28 септември до 5 октомври

Од 28 септември до 5 октомври ќе се одржи осмото издание на фестивалот за филм и музика „ЅИРНИ“, кој годинава ќе се одвива на две локации – КОТУР кафе и филм и Домот на АРМ. Филмската програма е поделена на интернационална и национална официјална селекција, во која се вклучени седум скопски премиери на македонски кратки филмови, како и интернационална и национална студентска селекција.

Официјалната селекција ќе се натпреварува за наградата „Данчо Чеврески“ и за наградата за најдобар филм според публиката. Студентските филмови ќе се натпреваруваат за наградата за најдобар студентски филм, додека вкупно 14 филмови од целокупната филмска програма ќе бидат во трка за наградата на публиката.

Фестивалската програма ќе понуди и три специјални проекции на кратки филмови од членови на тимот на „ЅИРНИ“.

Во соработка со „Македокс“ ќе биде прикажан и долгометражниот документарен филм „Југо оди во Америка“, а на програмата е и театарската претстава „Казабалкан“, во режија на Дамјан Костовски, според сценарио на Горан Стефановски. Претставата ја следи индивидуата во време на војна, каде што љубовта и основниот инстинкт за преживување го мотивираат човекот да поверува во чуда.

За најдобриот филм во официјалната селекција ќе одлучува жири во состав: Василис Терзополус, главен програмер на интернационалната селекција на фестивалот за краток филм „Драма“ од Грција, актерката и режисерка Сара Климоска и актерот, историчар на уметност и извршен директор на „Македокс“, Дарко Набаков.

За најдобар филм во студентската селекција ќе одлучуваат актерката Тамара Ристоска, снимателот и коселектор на кратката програма на ИФФК „Браќа Манаки“, Атанас Велкоски, и режисерот Игор Христов.

Едукативната програма ќе се одвива во текот на сите фестивалски денови. Програмата ќе започне со мастерклас на директорот на фотографија Самир Карахода, при што публиката ќе има можност да ги погледне неговите кратки филмови „In Between“, „Displaced“ и „On the Way“.

Ќе се одржи и работилница за глума пред камера и self-tape кастинг со Сара Климоска, како и панел-дискусија „Жените што ги прават филмовите реалност“, на која ќе учествуваат продуцентките Ивана Шекуткоска, Сара Ферро и Марија Димитрова. Панелот „Улогата на фестивалите во креативното патешествие на краткиот филм“ ќе ги собере Марија Апчевска и Атанас Велкоски од „Браќа Манаки“, Петрула Велјановска од „Македокс“ и Василис Терзополус од фестивалот „Драма“.

Едукативната програма ќе заврши со традиционалниот 48-часовен филмски предизвик, предводен од Игор Христов. Предавачи ќе бидат Тамара Ристоска, Атанас Велкоски и Радован Петровиќ, режисер и монтажер.

Од швајцарскиот „Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp“ до домашниот HOT JAZZ QUARTET
Музичката програма годинава носи пет концерти и седум диџеј-сета. На концертната програма ќе настапат „Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp“ од Швајцарија, „LELEE“ од Словенија, „Roza“ од Србија, како и домашните „САМ“ и „HOT JAZZ QUARTET“.

Диџеј-програмата ги вклучува Бојан Јанев, Андреа Салпе, Еми Ермилова, Давид Николовски, Андреј Влашки и Диџеј Чваре, како и Боле и Double G.

Во рамките на фестивалот ќе бидат отворени и две изложби. „Со сите наши чворови“ на Крсто Глигоријадис, курирана од Наде Циева, се надоврзува на неговото дело „Распарчено тело“ и ја материјализира метафизичката и телесната траума преку визуелно и тактилно доживување.

Делата ја истражуваат релацијата меѓу телото и духот, нивната поврзаност, но и последиците од нивното отуѓување. Втората изложба е групната изложба „ВО ВОЗДУХ“ на студентите од Факултетот за ликовни уметности, реализирана во соработка со арт-платформата „Пионери“.

Осмото издание на „ЅИРНИ“ е финансиски поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија и е активност поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт фонд. Фестивалот има поддршка и од „Македокс“, „Флипбук фестивал“, ТРН, „Саманта“ ДОО, „Скопско“, Винарија „Тиквеш“ и „Халк Банка“.

Деталниот распоред на настаните и целосната програма се достапни на веб-страницата на фестивалот „ЅИРНИ“.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetjojobetzbahisroketbet