Skip to main content

Австралија ќе притвора туристи на кои им е истечена визата за престој

Пиксабеј

Австралија ќе сместува туристи кои го пречекориле својот визен престој во административни центри за притвор, соопшти владата како дел од заострувањето на имиграциската политика.

Министерот за внатрешни работи Тони Бурк објави ограничувања за студентски визи и визи за одмор, нагласувајќи дека владата сака да покаже дека „ја контролира“ имиграцијата. Планирано е да се отворат 250 нови места во центрите за притвор и да се регрутираат уште 100 службеници за следење на луѓето кои го пречекориле својот визен престој.

Заменик-министерот за надворешни работи Мет Тистлтвејт изјави дека мерката ќе се однесува и на носителите на обични туристички визи.

Мерката беше критикувана од Австралискиот совет за туристичка индустрија, кој претставува илјадници компании во секторот. Директорката, Ерин Меклауд, предупреди дека притворањето туристи може да го наруши имиџот на земјата и туристичкиот сектор, кој е важен за австралиската економија.

Групите за човекови права, исто така, упшатија критики.

Властите велат дека околу 77.000 луѓе се во Австралија и покрај тоа што нивните визи се истечени во различни категории. Владата планира да ја намали нето годишната миграција од сегашните околу 292.000 на 225.000 во финансиската 2027/2028 година.

МИА

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetFanatikbetstarzbetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Giriş