Skip to main content

Велковски: Ќе го продлабочуваме партнерството за економско зајакнување и заштита на жените

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски оствари средба со раководителката на Канцеларијата на UN Women во Македонија, Весна Ивановиќ-Кастаред.

На средбата се разговарало за тековните заеднички проекти, националните заложби и приоритетите во областа на родовата еднаквост и јакнењето на жените.

Посебно внимание било посветено на можностите за продлабочување на партнерството во неколку значајни области, меѓу кои економското зајакнување на жените, превенцијата и заштитата од насилство врз жените и девојчињата, како и создавањето еднакви можности за сите.

Од Министерството за социјална политика, демографија и млади посочуваат дека остануваат посветени на креирање и спроведување политики насочени кон конкретни промени и создавање општество со еднакви можности и поголема сигурност за жените и девојчињата.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetmultiwinstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no deposit