
АРТ ХЕПЕНИНГ: Од отпад до нова вредност-мојата зелена приказна што го органзира Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп во соработка со СОУ „Орде Чопела“ Прилеп.
На настанот ће присуствуваат и учество ќе земат ученици од ООУ „Блаже Конески“, ОУ „Климент Охридски“ и СОУ „Орде Чолепа“ како и од училиштето „Манчу Матак“ од Кривогаштани, претставници на невладиниот сектор, ученици, родители, наставници и стручни предавачи. Се очекува и присуство на претставници од организацијата Пипл ин нид.
Станува збор за проектна активност во рамки на проектот „Млади за зелена транзиција-од урбана градина до екопроизвод“ спроведуван од Пипл ин нид (People in need), а поддржан од ЕУ.
Ќе има штандови со изложени ракотворби на учениците од отпад, производи изработени во рамки на проектот, зеленчук од училишната градина, биокомпост и сл.
Настанот е закажан за 16.9.2026 година
од 10 до 13 часот
во Паркот кај Судот

Македонски

