Skip to main content

Се сеќавате на Хуан Мата, замина во пензија на 38 години

 Поранешниот фудбалер на Челзи, Манчестер Јунајтед и шпански репрезентативец Хуан Мата, го објави денеска своето пензионирање од професионалниот фудбал.


Мата, кој со Шпанија го освои Светското првенство во 2010 година, до неодамна играше за Мелбурн Виктори, оставајќи зад себе успешна сезона во која беше прогласен за најдобар играч во австралиската лига.


„Уживав во секоја минута и горд сум на сè што постигнавме минатата сезона. Повторно се заљубив во фудбалот во градот што имав привилегија да го наречам свој дом“, рече 38-годишниот Мата.


Поранешниот шпански репрезентативец, сепак, ќе остане во светот на фудбалот, откако купи малцински удел во Мелбурн Виктори и ќе биде претседател на новоформираниот фудбалски комитет во австралискиот премиерлигаш. Мата поседува акции и во американскиот МЛС лигаш Далас, како и во Формула 1 тимот Алпин.