Skip to main content
1r0XYCEZNgA

Koмо е новиот хит во Европа

 Италијанскиот претставник во Лигата на шампионите Комо продолжува со пријатните изненадувања за своите навивачи. По успешната ланска сезона и избореното учество во најквалитетното натпреварување, Комо на стартот синоќа го победи Лајпциг со 4:1.

Тренерот Цеск Фабрегас одлично ја води екипата, а еден од јунаците на победата вчера беше хрватскиот интернационалец Мартин Батурина, кој го постигна водечкиот гол во 15. минута и беше асистент при вториот гол.

–   Верувам во Мартин (Батурина) и се обидувам да му дадам слобода во играта. Кога покрај аут-линијата викам на некои од моите играчи значи дека сакам на тој начин да мотивирам и да им дадам дополнителна енергија, изјави Фабрегас.

Шпанскиот тренер смета дека екипата добро игра, но дека нема простор за одмор. Во понеделник Комо ја пречекува Парма, а следниот натпревар во Лигата на шампионите го игра на гостински терен против Феенорд. 

Поврзани вести