
До 18:00 часот попладнево се регистрирани 21 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, пет се под контрола, а 11 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според ЦУК, активни се пожарите во Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (високостеблеста шума), Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец (нискостеблеста и мешана шума), Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума), Општина Ново Село: с. Стиник (ниска вегетација) и Општина Ново Село: с. Борисово кон с. Колешино (ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар), Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација), Општина Кичево: с. Кнежино, место викано Црн Камен (ниска вегетација и пенушки), Општина Делчево: градска депонија (ѓубре) и Општина Крива Паланка: с. Осиче (ниска вегетација).

Македонски


