Skip to main content

Среќен Ден на независноста на прекрасната Македонија и на сите што ја сакаат, ни порача хрватската пратеничка Петир

Кога ме прашаат зошто толку многу ја поддржувам Македонија, одговорот е едноставен – затоа што чувствувам искрено пријателство и голема блискост кон овие луѓе, вели хрватската пратеничка и некогашна европатеничка Маријана Петир, споделувајќи фотографии од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија во Државниот архив на Хрватска.

Драги луѓе, тешка историја, многу неправди, но и голема сила, достоинство и љубов кон својата земја. Токму затоа ми е особено драго што ја славиме оваа важна годишнина во Хрватска, потврдувајќи го долгогодишното пријателство и културна врска меѓу нашите две земји. Среќен Ден на независноста на прекрасната Македонија и на сите што ја сакаат!, сподели Петир.

Вчера, во Загреб, директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, и директорот на Хрватскиот државен архив, д-р Динко Чутура, свечено потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски.

Поврзани вести