Skip to main content

Лина во второто коло во Анталија против Италијанката Ѕантедески

 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во квалификациите на УС опен денеска со победа стартуваше на ВТА турнирот од серијата 125 во Анталија, што се игра за награден фонд од 115.000 долари, совладувајќи ја во првото коло Миа Ристиќ од Србија со 2-0 во сетови (6-1, 6-3).

Триумфот над седмата носителка на турнирот Ѓорческа го извојува по 86 минути игра.

Во првиот сет Ѓорческа со два брејка дојде до водство од 4:0 во гемови, а потоа во седмиот гем по 16 одиграни поени ја искористи четвртата сет топка и поведе со 1-0. Во вториот сет, македонската тенисерка направи брејк во четвртиот гем за водство од 3:1 и предноста ја зачува до крајот на дуелот.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Италијанката Аурора Ѕантедески

Поврзани вести