Skip to main content

Романец кај Демир Капија возел со 163 км/ч, уапсен е на Табанавце, откако „алармирал“ системот „Сејф сити“

На Граничен премин Табановце, на излез од државата, вчера во 11:20 часот, полициски службеници го уапсиле Х.В.С.(49) од Романија, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Како што посочуваат од МВР, вчера во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

Поврзани вести