Skip to main content

ЦУК: Гори во Ѓорче Петров, Сарај и Струга

ЦУК

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, два се ставени под контрола, додека еден пожар е целосно изгаснат.

Според податоците на ЦУК, активни жаришта има на четири локации:

Општина Ѓорче Петров: кај селото Грачани, при што огнот во моментов е активен на територијата на Република Косово каде што гори шума;
Општина Сарај: на потегот помеѓу селата Копаница и Бојане, каде што гори ѓубре;
Општина Струга: помеѓу селата Буринец, Локов и Селци, каде што е зафатена нискостеблеста шума;
Општина Струга: кај селото Октиси, каде што горят стрниште и нискостеблеста шума.
Под контрола на противпожарните екипи се ставени два пожари: во општина Сарај кај селото Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација) и во општина Чучер-Сандево кај селото Брест, на местото викано Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума).

Еден пожар е целосно изгаснат, и тоа во општина Виница, на самиот влез во градот, каде што гореше ниска вегетација.

Поврзани вести