Skip to main content

Мицкоски: Имаме раст на индустриско, стабилизирана инфлација, но опозицијата жали и тагува зошто Македонија оди напред

Во вториот квартал, во второто тромесечие имаме исклучително висока економска активност и зголемен БДП од 4,3%. Тоа е уште една лоша вест за опозицијата, која претпоставувам сега жали и тагува зошто Македонија оди напред, а не е вовлечена во нивното политичко мочуриште на лаги, клевети, измислици и конструкции, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот порача дека државата ќе продолжи да оди напред.

-Македонија ќе продолжи да оди напред. Не е лесно, не се сите проблеми решени бидејќи многу проблеми се наследени. Она што е важно е дека работиме и дека се трудиме сето она што е наследено да го решаваме, а нови проблеми да не создаваме. Резултатите после 25-26 месеци, еве, конечно излегуваат на површина. Имаме раст на индустриско производство, стабилизирана инфлација. овој раст од 4,3% кога ќе се додаде растот во првото тромесечие од 3,1% дава една бројка од 3,7% во првото полугодие од годинава, што е еден од најсилните во Европа. Сега повторно ги повикувам оние на социјалните медиуми да почнат да ме исмејуваат, но јас ќе си стојам на мојот став дека ова е еден од четирите најголеми растови на БДП, рече Мицкоски.

Поврзани вести