
Пет кратки филма посветени на творештвото, професионалните патишта и личните приказни на пет македонски авторки ќе бидат прикажани на 10 септември 2026 година во Францускиот институт во Скопје, во рамките на проектот „Жените и уметноста“.
Проекцијата ќе се одржи од 16:30 до 17:15 часот, а публиката за првпат ќе има можност да ги погледне петте филма создадени во рамките на проектот. Во фокусот се Билјана Тануровска, Ивана Трајаноска, Јана Луловска, Тамара Котевска и Дина Дума – авторки со различни професионални и творечки искуства, чие дејствување е значаен дел од современата македонска културна и уметничка сцена.
Филмовите се дело на Ана Алексовска и Симон Гегај, кои преку филмскиот медиум ги претставуваат нивните творечки светови, професионални искуства и погледи кон уметноста.
По проекцијата ќе следува разговор со авторките. Публиката ќе има можност да слушне повеќе за нивните професионални патишта, предизвиците со кои се соочуваат во работата, нивните творечки искуства, но и за местото и улогата на жените во современата уметност. Настанот е дел од Денот на отворени врати на Францускиот институт, кој на 10 септември ќе понуди целодневна програма.
За присуство на проекцијата потребна е претходна резервација.

Македонски


