
Летниот преоден рок во женскиот професионален фудбал донесе рекордна бројка од 1.400 меѓународни трансфери, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Вкупно 1.406 меѓународни трансфери беа регистрирани во женскиот професионален фудбал, што е зголемување од 19,2 проценти во споредба со претходниот рекорд“, наведе ФИФА.

Според извештајот, клубовите потрошиле вкупно повеќе од 25 милиони евра за засилувања, што е исто така нов рекорд. Претходниот рекорд од минатата година изнесуваше 11,2 милиони евра.
Според студијата на ФИФА, оваа бројка е далеку под онаа во машкиот фудбал во кои клубовите потрошија близу 10 милијарди евра ова лето.

Македонски


