
Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Ола Солстром на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и зајакнување на врските меѓу двете земји, со фокус на развојните програми и унапредувањето на заедничките проекти, преку искористување на шведското искуство и поддршка.
Посебен акцент беше ставен на промовирањето на агенди што ги поврзуваат граѓаните и институциите на двете земји, особено во областите поврзани со младите и бизнис-секторот, како и на зајакнувањето на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници во земјата.

На средбата беше оценето и значењето на поддршката од Шведска за реформските процеси и евроатлантскиот пат на Македонија.
Министерот Ферати и амбасадорот Солстром изразија подготвеност за поттикнување нови иницијативи што ќе придонесат кон развојот, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу двете земји.

Македонски


