Skip to main content

Поставен видео надзор на валандовската депонија за поголема безбедност

Камери за видео надзор постави ЈП „Комунален сервис-Валандово“ на депонијата „Сува Река“ со цел да се контролира состојбата со депонијата. Како што известуваат од јавното претпријатие, камерите се поставени за да се зголеми контролата и безбедноста на просторот на депонијата, да се спречи несоодветно одлагање на отпад и евидентирање на евентуални неправилности.    

Се апелира до сите граѓани и корисници на услугите да се придржуваат кон правилата за правилно одлагање на отпадот и да не вршат неовластено одлагање на отпад на просторот на депонијата, велат од претпријатието.

Оттаму најавуваат дека ќе продолжат да преземаат мерки за унапредување на контролата и одржување на чистотата и заштитата на животната средина. 

Поврзани вести