Skip to main content

Неколку „домашно изработени ракети“ погодиле електрана во Германија

Неколку „домашно изработени ракети“ погоди трафостаница/разделна постројка во непосредна близина електраната на јаглен Јеншвалде во Бранденбург, во близина на полската граница, објави „Маркише Алгемајне Цајтунг“ (МАЗ).

Според МАЗ, во објектот преку кој струјата од електраната Јеншвалде се испорачува во мрежата, биле пронајдени повеќе направи за ракети наполнети со експлозив, а мрежниот оператор 50Hertz ги опишува како самоградени летечки направи слични на новогодишни ракети.

ДПА објави дека експлозивни направи се пронајдени и во трафостаницата во Турнов-Прајлак во Бранденбург, недалеку од електраната Јеншвалде.

Властите се сомневаат дека цел била да се предизвика прекин во снабдувањето со електричната енергија од големи размери, иако операторот на мрежата изјави дека имало само „краткотраен прекин на линијата“. Никој не е повреден, а снабдувањето со електрична енергија останало стабилно.

Извори за МЕС известуваат дека нападот врз електраната на јаглен во Германија веројатно го извршиле активисти за климатски промени и дека не станува збор за каква било поврзаност со руска саботажа.

Поврзани вести