
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира интервјуто на Бранимир Јовановиќ, поранешен висок функционер од СДСМ, каде што признава дека поранешната влада на СДСМ и ДУИ ѝ оставила долг на оваа Влада за кој до ден-денешен се плаќаат камати, изјави:
„Дадено е пред некој ден интервју за медиум којшто важи за близок до опозицијата, во кое што советникот вели вака: ‚Кога дојдовме ние во Министерството за финансии со тогашниот министер Тевдовски, каматите коишто ги плаќавме на долгот беа 120 милиони евра, а во 2026 година каматите коишто оваа Влада ги плаќа се 350 милиони евра.‘ Самиот тој — бидејќи ние сега ги плаќаме каматите од претходната влада, невозлично е ова што сега се задолжуваме за да се раздолжиме или да покриеме некои заеми од минатото сега да го плаќаме — значи, самиот тој признава дека за трипати ги зголемиле долгот и обврските на оваа Влада. Тоа претставува признание на отворена сцена од страна на поранешен висок функционер во владата на СДСМ и ДУИ, којшто претходно беше во политичката партија Левица, па како голем финансиски експерт беше дел од тимот на Тевдовски, самиот на отворена сцена признава дека 2017 година споредено со 2024 година, односот е три наспрема еден во делот на каматите. Тоа е долгот што го оставила тогашната влада на СДСМ и ДУИ и долгот што го плаќа оваа Влада, којшто го наследи од владата на СДСМ и ДУИ.
Нема тука да навлегувам во егзибициите на нивната фискална политика кога стануваше збор за прогресивните даноци, кога буквално ја уништија македонската економија, нема да зборувам на темата за солидарниот данок којшто ние го враќаме, а којшто тие го ограбија од македонската економија. Тоа ќе го оставам настрана. Еве, тие се тие марихуана-економски политики.“

Македонски

