
Бразилскиот 29-годишен напаѓач Габриел Жезус пристигна денеска во Барселона во очекување во текот на денешниот ден да стави потпис на двегодишен договор со каталонскиот гигант.
Шпанските весници „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, објавија попладнево фотографии од неговото пристигнување на терминалот за приватни летови на аеродромот Барселона-Ел Прат.
„Многу сум среќен. Се надевам дека ќе освоиме многу трофеи“, им изјави Жезус кратко на шпанските новинари.

Македонски

